Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на тенискиот турнир во Париз. Во финалето веславеше над Данил Медведев од Русија со 2-1.
Првиот сет му припадна на Русинот со 6:4. Следните два ги доби првиот светски рекет со по 6:3. За српскиот тенисер ова е шеста титула на турнирот во Париз.
NOVAK-ATION FROM TITLETOWN ???
The moment @DjokerNole won a record-breaking 37th Masters 1000 title vs Medvedev in Paris!#RolexParisMasters pic.twitter.com/m57J45xit8
— Tennis TV (@TennisTV) November 7, 2021
Оваа титула му овозможи на Ѓоковиќ да го собори рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по број на освоени турнири од Мастерс серијата. Тој сега има 37, додека Надал остана на 36.
Ште вчера со пласманот ов финалето, Ѓоковиќ го осигура првото место на АТП листата на крајот од годината што за него е седми ваков успех во кариерата и изби пред Пит Сампрас.