Англискиот репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е незадоволен од својот статус во клубот, особено што новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс најави дека Руни ќе биде му биде втора опција во нападот после Робин Ван Перси.
Ваквата состојба зборува дека Руни е блиску до „излезната врата“ на „Олд Трафорд“, особено што двата лондонски тима Челзи и Арсенал бараат врвен напаѓач. Руни и во претходната сезона почнуваше натпревари од клупата кога менаџер беше Сер Алекс Фергусон.
Заминувањето на играчот во многу зависи и од тоа што следното лето се игра Светското првенство во Бразил, па евентуалното седење на клупа би ги намалило шансите Руни да се најде во составот на Англија.