Заха не игра за својата земја од страв да не се разболе

Од:

Напаѓачот на премиерлигашот Кристал Палас, Вилфред Заха, го замоли раководството на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска да не го повикуваат во националниот тим за претстојните два квалификациски натпревари за Мундијалот 2022 во Катар, објави селектор Патрис Бумел.

– Заха пред неколку денови ми испрати порака дека секој пат кога доаѓа во репрезентацијата, се враќа болен. Ме замоли да не го повикувам, изјави Бумел на конференцијата за новинари на која го објави списокот фудбалери за квалификациските дуели против Мозамбик и Камерун.

„Сакам војници, воини, кои со една нога ќе дојдат во репрезентацијата. Тоа е порака, која јасно и гласно му ја упатувам на секој играч“, порача селекторот на Брегот на Слоновата Коска, која не обезбеди пласман на минатиот Мундијал.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска