Овој петок 13-ти е црн за Струга. Уште еден немил настан попладнево ги потресе стружани кои прашуваат што се случува со градот во кој живеат.
Имено попладнево момче од Скопје кој бил на одмор во Струга, едвај спасил жива глава. При обид да скокне во езерото од еден од околните мостови во близина кај локалитетот Пливалиште удрило со главата на дното при што се здобило со тешки повреди на р’бетот.
Момчето најпрво е прнесено во костозглобната болница во Охрид но поради сериозноста на повредите итно е препратено на скопските клиники. Како што раскажуваат очевидци момчето скршило неколку пршлени, но голема среќа било што на помош веднаш пристигнале спасувачките екипи кои му помогнале.
За само 4 дена ова е петти по ред инцидент во Струга.
Првите два кога девојче на 11-годишна возраст и момче на 21-годишна возраст беа повредени од скутер во близина на машката плажа во Струга, потоа вчерашното давење на момче од Тетовско кога скутерот на кој што се возел со пејачката Биг Мама се првретел и случајот со убиството кое се случи рано утрово во Струга.
Мики Трајковски