Чадеж: Формираме Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Македонија

Од:

Србија, Албанија и Македонија ќе формираат Совет за имплементација со цел што поскоро да се забрза протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал и да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата Отворен Балкан.

-Се договоривме дополнително да го забрзаме овој процес и да формираме Совет во кој ќе има претставници од Стопанската комора и ресорните министри од трите земји. Секоја недела членовите на Советот ќе ги известуваат лидерите на трите земји за тоа што е направено и што допрва треба да се направи, изјави Чадеж по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров со бизнисмени од регионот и Атлантскиот совет, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“,.

Тој посочи дека е важно компаниите кои работат во Србија, Албанија и Северна Македонија да имаат во сите три земји еднаков третман и деловни можности.

-За бизнисмените беше важно да имаат отворен разговор со лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија за тоа како да се забрза протокот на стоки, услуги и капитал низ овие три земји, соопштија од ПКС.

На состанокот присуствуваа претставници на 22 холдинг компании кои работат во сите земји од иницијативата Отворен Балкан, вработуваат околу 50 000 луѓе во целиот регион и имаат годишен обрт од над четири милијарди евра, наведе Чадеж.

Тој посочи дека е важно до следната средба на бизнисмените и претставниците на трите земји во Тирана, следниот месец, да се реши проблемот со меѓусебното признавање на фитосанитарната и ветеринарната документација.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент