ВМРО-ДПМНЕ: Ако губитникот Заев освоил многу гласови, тогаш ајде на избори

Од:

„Губитникот Заев ја зема во заложништво цела држава за да се спаси од одговорност. Денес е 04.11.2021 година, четврти ден откако Заев кажа дека поднел оставка, а таа не е ниту доставена до собранието, ниту се знае кога и дали ќе биде доставена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев излажа. Дали Заев, исто како и Филипче претходно само сака да избега од одговорност и го амортизира незадоволството на народот, за подоцна да рече дека нема да се повлече?

Заев ја турка државата во неизвесност со своето делување да ја зачува фотелјата по секоја цена.

Народот го детронизираше Заев. Заев нема кредибилитет и легитимитет. Заев треба да си замине, но не само тој, туку и целата структура со него.

Потребна е оставка на Заев и нови парламентарни избори час поскоро.

Само со нови избори ќе се преслика волјата на граѓаните во собранието, по што ќе се формира влада која ќе има чиста основа за реализирање на реформи и проекти.

Заев да не ја држи државата заложник и да си даде оставка веднаш, а потоа нови брзи предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”