Дембеле се согласи на помала плата во Барселона

Од:

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се согласил на намалување на платата, објави „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот весник, 24-годишниот Французин финансиските загуби ќе може да ги надомести со бонуси за постигнување одредени цели. Договорот се планира да биде потпишан на три години со можност за продолжување за уште една.

Претходно беше објавено дека Дембеле сака да го обнови договорот со Барселона и бара од својот агент да го забрза потписот. Важечкиот договор на фудбалер со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Вчера, Дембеле првпат се појави на теренот во сезоната 2021/22 по повреда. Тој влезе како резерва на натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев (1:0).

Би можело да ве интересира

Дембеле поради повреда ја напушти француската репрезентација, на негово место доаѓа Коман

Дембеле решил да остане во Барселона

А1он

Лапорта призна дека е бесен што Дембеле не замина во јануари

А1он

Барселона им го понудиле Дембеле на Њукасл и Манчестер јунајтед

А1он

Казната делуваше, Дембеле прв дојде на тренингот на Барселона

А1он

Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

А1он