Етиопија прогласи шестмесечна вонредна состојба на национално ниво

Од:

Централната влада на Етиопија денеска прогласи вонредна состојба на национално ниво што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови имаше успешни територијални настапувања, јави ДПА.

Вонредната состојба, меѓудругото, овозможува воспоставување блокади на патиштата, откажувања на транспортните услуги, воведување полициски час и преземање на власта од страна на војската во одредени области, наведува Советот на министри.

Според овие мерки, секој осомничен за поврзаност со терористички групи, исто така, може да биде приведен без судски налог, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он