Сезоната 2013/14 во Првата македонска фудбалска лига ќе биде отворена на 4 август. Денешната жрепка донесе две скопски пресметки во 1.коло.
Шампионот Вардар одбраната на титулата ќе ја започне на дуелот со повратникот во лигата и поранешен првак Македонија Ѓорче Петров.
Другиот дуел во главниот град е меѓу вицепрвакот Металург и Работнички.
Комплетни двојки за 1.коло во ПМФЛ: Вардар – Македонија Ѓ.П., Металург – Работнички, Гостивар – Брегалница, Шкендија – Турново, Напредок – Ренова и Пелистер – Еуромилк.