Весела Чернева: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан заглави и оди наназад

Од:

Заменик-директорката на влијателниот невладин центар – Европски совет за надворешни односи, Весела Чернева во интервју за неделната програма за меѓународна политика на БНР „Сабота 150“ коментира дека земјите од Западен Балкан потонале во сопствените проблеми и не очекуваат каква било помош од Брисел, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Чернева, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад.

Евроинтеграциите престанале да бидат катализатор за реформи и да ги стимулираат политичарите и луѓето во регионот. Чернева учествува на белградскиот безбедносен форум, на кој била коментирана улогата на Бугарија на секоја средба на многу негативен начин во врска со бугарското вето, кое ги спречи Република Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со Европската Унија.

-Довербата драстично е опадната во сите земји од Западен Балкан. Но, кога Република Северна Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ, целата клима на односите со ЕУ ќе се промени, смета Чернева.

Тим составен од европски експерти предводени од неа, пред учеството на белградскиот безбедносен форум, ги посетиле Приштина, Подгорица и Сараево.

Таа предвидува дека акумулацијата на критичните точки на Балканот, особено околу српските заедници, може да стане проблем, наведувајќи ги како пример тензиите во Босна и Херцеговина кои растат во последните месеци и може да кулминираат за две недели.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска