Со Северна Македонија имаме заедничко минато и заедничка иднина, изјави привремениот бугарски премиер Стефан Јанев во дискусија на Фејсбук, при тоа апелирајќи земјава да ги признае правата на оние граѓани кои себе си се идентификуваат како Бугари.
– Бугарија постојано ја поддржува земјата, но во исто време мора да биде способна да ги брани сопствените национални интереси. За жал, раководството на Република Северна Македонија не брза да ги исполни обврските предвидени во Договорот за добрососедство, додаде Јанев, апелирајќи да „престане поттикнувањето омраза кон Бугарија“.
Тој нагласи дека Бугарија е заинтересирани да се грижи за македонските граѓани кои имаат бугарско чувство и кои се идентификуваат како лица со бугарско потекло, со цел да имаат еднакви права со сите други и да не бидат „прогонувани и регресирани“.