А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Продолжен рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ до 15 ноември

by А1он29/10/2021 - 15:0729/10/2021 - 16:36195
Share0

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија го продолжи рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година до 15 ноември 2021 година.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во следните осум категории: најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки; Најдобар/а млад/а иноватор/ка; Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост); Најдобар/а млад/а уметник/чка.

На јавниот повик може да аплицираат сите лица коишто заклучно со 2020 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на: македонски јазик: https://bit.ly/2ZAdMSA албански јазик: https://bit.ly/3mq8dPF англиски јазик: https://bit.ly/3mpLbIB

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади“.

mladi

Би можело да ве интересира

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Горан Наумовски26/11/2025 - 14:51

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 09:16

Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 10:51

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски29/10/2024 - 08:0229/10/2024 - 08:03

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Катерина Ѓуровски24/10/2024 - 12:43

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on18/04/2024 - 10:3418/04/2024 - 11:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен