Судијата Осман Шабани три часа не дозволува пауза на судењето за “Топлик”, кое започна во 10:30 минути утрово. Тој не дозволи ниту пауза за во тоалет на првообвинетиот Миле Јанакиески. По пет минути, се предомисли.
“Дали може да одам до тоалет”, праша Јанакиески, по што Шабани кажа: “Не може”, а Јанакиески врати: “Три саати зборам, устата ми се суши, ве замочувам да одам до тоалет”. Откако расправата продолжи, адвокатот Еленко Миланов постави прашање, судијат дозволи Јанакиески да отиде во тоалет.
Паузата ја побараа адвокатите, но и таа не беше дозволена. Тие реагираа дека им се потребни од 10 минути до половина час, бидејќи три часа се суди. На ова се прилучи и Миле Јанакиески, кој кажа дека по три часа исказ губи концентрација. Адвокатката Сања Алексиќ, исто така наиде на реакција кога побара да излезе на две минути пред судница.
“Зошто до сега не го направивте тоа, сега во правевте поднесокот?” праша Шабани, откако адвокатката Сања Алексиќ побара пауза и му кажа: “Треба да го дадам доказот и да ставам печат на поднесокот, печатот е кај мене”
Во текот на сведочењето, судијата се предомисли и даде пауза од 20 минути.
Во текот на исказот кој Миле Јанакиески го дава по три години судења, наиде на реакции од обвинителот Бурим Рустеми кој сметаше дека обвинетиот анализира и дава завршни зборови.
“Прашањата се одвиваат до анализа која треба да ја има комисијата за јавно наддавање, а обвинетиот одговори дека немал директен контакт со комисијата, што е логично дека тој не може да знае што имала, а што немала. Секоја анализа на доказите на комисијата е класична злоупотреба на одбраната да се впушти во давање на завршен збор, што е недозволиво”, рече Рустеми.
На ова возврати адвокатот Еленко Миланов, кој бараше приговорот да се одбие.
“Обвинението по кое постапуваме е за Јанакиески, како соизвршител со сите други обвинети како членлви на комисија. Во таа насока и неговата одбрана, во делот на тоа кои подзаконски акт и како ја регулира потребната документација, како и неговите сознанија за тоа, ако ги има, претставува дел од негова одбрана. Замолувам да се опомене обвинителот во делот на зборовите: злоупотреба на одбраната и бранителите”, рече Еленко Миланов.
Сепак, Осман Шабани, го прифати приговорот.
“Размислувам дали да ви дозволам други вакви прашања. Ова е анализа на докази, не е одбрана. Приговорот се прифаќа”, рече Осман Шабани.