Во Маврово од 16-ти до 18-ти август ќе се одржи еколошко-едукативен и забавен фестивал на кој ќе бидат промовирани природните убавини на мавровоско-реканскиот крај.
– Овој настан е замислен со две компоненти. Едната е да ги прикажеме можностите за активен престој на регионот и поттикнување на локалното население. Втората е економска, односно преку продажба на билети, овој фестивал да стане одржлив и за идните години, рече градоначланикот на општина Маврово-Ростуше Мукрем Мехмеди на прес конфренцијата.
Организаторите, здружението на граѓани „Еко Маврово“ ја претстави програмата. Во музичкиот дел учеството во потврдиле реномирани ди-џеи и артисти од Македонија и странство.За посетителите, кои ќе дојдат обезбедено е бесплатно кампирање и намалени цени на сместувачките и угостителските услуги.
Манифестацијата ќе биде поддржана од локалните фирми и општина Маврово Ростуше.