Арсовска на средба со претставници од „Го сакам Водно“: На Водно нема да се закова ни шајка

Од:

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓанското здружение „Го сакам Водно“, веднаш по нивниот повик преку соопштение до јавноста, во кое што стои дека Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Тие бараат од Арсовска да направи чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нејзината намера за вистински и целосно заштитено Водно е искрена, затоа што, како што велат, само нејзината заложба може да се најде над секоја одлука која што води кон уништување на Водно.

На средбата Арсовска ги ислуша сугестиите и се обврза итно да ги иницира сите неопходни чекори кои ќе обезбедат сеопфатна и целосна заштита на Водно. Таа истакна дека за Водно не смее да има компромиси и дека решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање на работен комитет од здруженијата, со професори и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно.

Како доказ за своите намери, кандидатката за градоначалник ја посочи и својата програма, во која се опфатени повеќе проекти a чија цел е Водно да стане зелен штит, токму како што граѓаните бараат.

„Ќе се залагам за заштита на просторот со Закон и ќе го решам проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, без да дозволам да се закова дури и една шајка. Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје ќе вклучува и пошумување со 100 000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично”, посочи Арсовска.

Арсовска истакна и дека додека граѓаните го бранеле Водно со жив штит поради сечењето дрвја и се обидувале да ја одбранат парк шумата, никој од локалната управа не им помогнал, напротив, застанале на другата страна.

„Ова не смее да биде нашата реалност. Градоначалникот мора да ги слуша барањата на жителите и да наоѓа решенија во нивен интерес“, истакна Арсовска.

На крајот од средбата, заклучија дека неопходна е итна реакција и брзо делување за да се изборат за зачувување на парк шумата. Арсовска се обврза на заедничка соработка и континуирана комуникација со цел Водно да продолжи да биде зелена заштита за Скопје и скопјани.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски