Денеска објавуваме нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска кој целосно е демаскиран. Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
-Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година.Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство. Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година. И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка.
Петровска вели дека Валидноста, односно веродостојноста на овие документи кои ги објавувама се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
„Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста“ – рече Петровска.
„Очигледно Данела Арсовска долго време има длабоки врски со други држави, Унгарија и Бугарија.Неискреноста на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, со нејзиното лажење на граѓаните отвора и други многу сериозни прашања. За чии интереси работи Данела Арсовска?Арсовска е зависна од други држави, за мотиви за кои треба таа лично самата да ги соопшти на граѓаните“ – вели Петровска.
Да не дозволиме луѓе кои вака безочно лажат додека ве гледаат во очи да го уништуваат главниот град Скопје, да ја уништуваат нашата татковина порача пратеничката на СДСМ.