ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат

Од:

СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат.СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– За да продолжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт. Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија. И Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети. И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни се вели во соопстението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски