Кандадатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска негира дека има бугарско државјанство, но и дека некогаш се викала Даниела. За фотографијата која се појави на социјалните мрежи, а каде пишува дека е Даниела Арсовска тврди дека се работи за грешка и некој го погрешил името.
-Тие знаат да вадат слика од Алманах каде некој ми го погрешил името, а не знаат да ми извадат слика од извод на родени. Јас сум Данела Арсовска, од дедо Дане, цел живот живеам тука ги почитувам сите вери и сите религии. Сите луѓе од секоја националност, имам пријатели од сите националности, рече Арсовска.
На прашањето дека веќе негираше дека има бугарски пасош, но дали негира дека има и бугарско државјанство, Арсовска кажа дека целосно ги негира сите наводи.
-Во целост ги негирав овие наводи, излегуваат сега на два дена пред изборите за да не можам да ги негирам овие наводи и низ постапка да ги докажам. За сите овие работи нема да можам во краток рок да докажам дека безумно лажат за да да си ги спасат своите функции.
-Не, никогаш не сум го носела името Даниела, јас сум родена Данела Јовановска, сега сум 20 и нешто години Арсовска, името ми е по мојот дедо Дане. Имам семејство фамилија кои безумно ги напаѓаат, рече Арсовска.
-Јас пуштив една тужба, но сега ќе оди тужба со надомест и сите средства кои ќе ги земам ќе ги донирам, и не на политичка партија како што лажат. Јас сум Данела Арсовска, и моето име не го продадов, рече таа.