Казни од 700 евра за неколку издавачи на соби во Охрид

Од:

Казни од по 700 евра добија неколку издавачи на соби кои на Булеварот Туристичка во Охрид, деновиве чекале туристи. Тие се револтирани од висината на казните за кои сметаат дека се превисоки.

Три диви туристички агенции и пет посредувачи во приватно сместување заработија глоба од по 700 евра, во денарска против вредност.

„На лице место затекнавме три лица кои на некој начин се диви туристички агенции, затоа што немаат лиценца за работа. Едното лице со комбе го затекнавме пред хотелот Ројал, а другите две во селото Куратица“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски.

Биле казнети уште пет лица кои посредувале во приватно сместување.

„Пазарниот инспекторат како носител на оваа акација, не застанува тука и ќе продолжиме со контролите. Сите оние лица кои ќе ги затекниме како извршуваат незаконски активности ќе бидат казнети“, категоричен е началникот на пазарниот инспекторат Бошалески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ