ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника и се поочигледниот пораз сака да го минимизира со поткуп и насилство

Од:

„СДСМ е во паника и се поочигледниот пораз сака да го минимизира со поткуп и насилство. Параполициски структури како таа во Прилеп, се формирани и во Битола, Охрид, Кочани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Поткуп во првиот круг е вршен и во Крива Паланка каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски.

Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.

Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.

Сашко – Да! Сабајле се договараме.

Новица – З…. ѕверче си.

Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.

Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка!

Власта ја злоупотребува и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани?

Групи на доверливи лица за врвот на власта од Единицата за интервенции се пратени од пред 2 дена во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како во Прилеп, каде преку вибер групи се давани насоки за следење, малтретирање и шиканирање на неистомисленици.

Во Битола главен на овие групации е Васко Ковачевски, а извршители се тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Додека дел од групата се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци.

ВМРО-ДПМНЕ за овие активности ќе ги извести меѓународните претставници, но и ќе поднесе соодветни пријави.

Граѓаните веќе не се плашат и сами ги пријавуваат ваквите бандити од власта. Време е за промени. А бандитите да заминат во историјата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он