Навивачката група на Хајдук позната како „Торцида“ дуелот на својот тим против Турново ќе го гледа на „видео бим“. Местото на собирот на Торцида е „Вуковарската улица“, а влезниците за организираното следење на средбата чинат 2,5 евра.
Хајдук е казнет од УЕФА со одигрување на еден натпревар на домашен терен без присуство на публика поради недолично однесување на неговите навивачи.
Натпреварот Хајдук – Турново е закажан за в четврток и ќе се игра во рамките на 2.коло од квалификациите за Лига Европа.
Турново е единствената македонска екипа која успеа да го помине првото коло од ова натпреварување, во кое беше поуспешен од Судува (Литванија).