Водени топови и експлозивни направи употребени на протестите во Белфаст

Од:

Полицијата во Северна Ирска синоќа употреби водени топови за да ги растера демонстрантите во Белфаст, кои претходно ја нападнале со „експлозивни направи“. При инцидентот нема повредени.

Ова е четврта ноќ по ред на протестите во овој град по повод „маршот на портокаловите“, со кој протестантите секоја година на 12 јули ја одбележуваат воената победа над ирските католици во 17-от век.

Околу илјада припадници на полицијата беа дополнително ангажирани за редот и мирот во Белфаст по собирот во петокот, кој доведе до општ хаос во градот.

Оттогаш најмалку 40 полицајци се повредени за време на судирите со демонстрантите, кои подметнувале пожари и палеле знамиња, главно во деловите на Белфаст каде живеат мнозинство католици, извикувајќи „Нема предавање!“ и фрлајќи „молотови коктели“ врз полицијата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска