Државниот долг на Албанија во првите шест месеци од годината достигна 62,4 отсто од бруто домашниот производ на земјата.
Експертите ова зголемување на долгот го оценија како мошне вознемирувачко за економијата, имајќи го предвид фактот дека новата Влада, која ќе го преземе управувањето во септември, најави дека ќе спроведе повеќе даночни олеснувања.
Албанските економисти нагласуваат дека за решавањето на проблемот со долгот потребно е намаување на буџетските трошоци. Тие предупредуваат дека првичниот буџетски дефицит веќе почнува да се појавува, откако Владата зеде кредит за да исплати плати и пензии.