Невремето ги мобилизираше службите на Град Скопје

Од:

Како граѓаните така и службите на Град Скопје вчеравечер имаа бурна ноќ. Силниот ветер кој вчера дуваше во скопско, причини големи штети и пожари и ги остави без сон и граѓаните но и службите.

Благоја Менковски, Командир на скопската противпожарна бригада вели дека вчера биле на терен со целиот расположлив кадар. Телефонската линија 193 била буквално преплавена со повици од граѓаните.

Интервенирале на 28 пожари и една технички интервенција.

Според Менковски, поголеми пожари имало во скопските села Студеничани, Морани и Орман и во скопска Кисела Вода кај спортска сала Расадник.

На терен до доцна во ноќта биле екипите на Паркови и зеленило. Според директорот на јавното претпријатие, Душан Авировиќ, се отстранувале дрва од коловозите, се интервенирало на 12 локации, за да се оспособи нормален сообраќај. Најалармантно било во населбите Аеродром, Кисела Вода и на улицата Илинденска.

Авировиќ апелираше до австриската компанија ЕВН да ги смени така наречените „голи кабли“ на бандерите бидејќи интервенциите се многу ризични за вработените во компанијата која што тој ја раководи.

Според Синиша Ивановски, директорот на Улици и патишта, невремето ги обединило јавните претпријатија, кои формирале кризен штаб и работеле и надвор од своите ингеренции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски