ВМРО-ДПМНЕ повикува на заедништво и обединување во борбата против власта

Од:

ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа седница на која се дискутираше актуелната ситуација во Македонија поврзана со изборите и одржување на вториот круг на локалните избори, како и за поддршката за места каде ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати.

-ВMРО-ДПМНЕ како партија на народот која ги темели своите вредности и принципи на идеите на македонската револуционерна организација вдахновени во модерните идеи за Македонија како место на заеднички живот, просперитет и напредок преку почитување на принципите на солидарност, слобода и напредок. Свесни дека секој слободен граѓанин на оваа земја е силата на промените кои се неопходни за да има подобра иднина. И свесни дека секој може сам за себе да одлучува. Повикуваме на заедништво, слога и обединување кон заедничката цел на сите без разлика на политичка, етничка, верска или друга припадност. Препорачуваме дека е време за обединување на сите сили кои се против политиките на власта. Силите кои сакаат добро, напредок, сакаат нова подобра иднина и промени, проекти и победи. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална. Ние нема да кажуваме во тие места дека гласовите ги имаме во џеб или се наша сопственост и нема да ги третираме граѓаните како да ги имаме кај себе, како што тоа го прави СДСМ, но воедно повикуваме слободоумно и отворено да излезат и да ги поддржат кандидатите на тие места кои искрено се борат против власта рече потпреседателот на партијата Александар Николоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги