СДСМ Скопје против Арсовска: Загадувањето на воздухот не е намалено заради ветерот, туку поради мерките на Градот

Од:

Арсовска продолжува да ги манипулира Скопјани со шарени лаги и ветувања за невозможни проекти. Загадувањето на воздухот во Скопје според официјалните мерења е намалено од 71 mg/m3 на 48 mg/m3 ПМ10 честички за само четири години, што е пад на просечната вредност од 33% од последната година на Скопје со Коце Трајановски се вели во реакцијата од СДСМ-Скопје на прес конференцијата на Данела Арсовска.

– Загадувањето не е намалено заради ветер, туку заради мерките што континуирано ги спроведуваа Град Скопје и владата.
Досега Градот Скопје додели над 7.500 инвертери, и изгаснати се 10.000 активни оџаци во Скопје. Поради намалената цена за топлинска енергија, околу 2.000 исклучени домови повторно се приклучија кон централното парно греење. На 100 државни згради им се сменети котлите за греење и елиминирани се како загадувачи. Дрисла е вратена во рацете на градот, а огромен број диви депонии се санирани, а дел се претворени во градски паркови.Загадувањето во Скопје бележи континуиран пад во последните години, а за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Скопје беше шампион во аерозагадување во Европа. Загадувањето во Скопје и натаму ќе продолжи да паѓа со нови 5 милиони евра за субвенции за инвертери, со зголемување на бројот на велосипедски патеки и субвенции за велосипеди, со воведувањето на брз автобуски превоз со ултраеколошки еко-автобуси, како и со постепено отстранување на тешката индустрија од Скопје во новиот ГУП. Тоа се мерки кои што даваат конкретни резултати, и затоа воздухот во Скопје е многу почист отколку пред 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ предизвика еколошка катастрофа во Скопје, се вели во писмената реакција од СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он