ВИДЕО: Заев на средба со младите кошаркари и лицата со посебни потреби

Од:

Од 18. до 28. јули Струмица ќе биде европски кошаркарски центар-домаќин на Европското кошаркарско првенство за кошаркари до 18 години.

По тој повод денес топло добредојде на членовите на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија им посакаа градоначалникот Зоран Заев и претставниците на четири здруженија на лица со посебни потреби.

-Денеска со овие здруженија ние им посакавме топло добредојде и пријатен престој во Струмица и многу успех на нашите млади репрезентативци.

zaevkosarkari (4)

– Со тоа би сакале да упатиме силна порака до струмичани и тоа не само до љубителите на спортот, туку до сите, да дојдат во спортските сали, да ги бодрат нашите репрезентативци и да навиваат, како што тоа ние знаеме да го направиме и да ги наполнат салите, рече градоначалникот Заев.

zaevkosarkari (1)

Селекторот на младинската кошаркарска репрезентација Мирсад Куртовиќ му се заблагодари на градоначалникот Заев за гостопримиството и поддршката и ги повика струмичани да бидат нивниот шести играч.

Во знак на благодарност, тој на Заев му врачи кошаркарска топка.

zaevkosarkari (2)

И претставниците на здруженијата добија топки со автограми од членовите на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија.

zaevkosarkari (5)zaevkosarkarii

Би можело да ве интересира

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана