Столтенберг за стравот на Ескобар за кредибилноста на црногорската Влада: НАТО има строги протоколи за споделување инфромации

Од:

НАТО има строги протоколи за да обезбеди доверливост на информациите, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Запрашан да ја коментира изјавата на американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, дека во НАТО постои вистински страв кога станува збор за споделување информации со новата црногорска Влада, тој кажа дека го цени придонесот на Црна Гора, но дека Алијансата ги чува информациите на сигурен начин.

-Црна Гора не стана членка на Алијансата толку одамна. Таа е многу ценет сојузник и го цениме придонесот што го дава кога станува збор за нашата колективна безбедност. Го поздравувам и присуството на министерот за одбрана на денешната средба на министрите за одбрана, рече Столтенберг, пренесе подгоричкиот весник „Побједа“.

На прес-конференцијата, по состанокот на министрите за одбрана во Брисел, Столтенберг изјави дека НАТО има строги механизми за чување податоци, но дека не може подетално да зборува за нив.

-НАТО има строги протоколи кога станува збор за споделување податоци. Не можам да зборувам за нив во детали, но во НАТО споделуваме информации на безбеден и сигурен начин, истакна Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било