Мурињо ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз во Норвешка

Од:

Никогаш во кариерата не сум предводел екипа, која примила шест голови и одговорноста за тоа е само моја, изјави тренерот на Рома, Жозе Мурињо по вчерашниот катастрофален пораз на италијанската екипа на гостувањето кај норвешки Бодо Глимт од 6-1 во рамки на УЕФА Конференциската лига.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа за Рома веројатно е најтешкиот европски пораз бидејќи дојде од просечна норвешка екипа, за разлика од поразите од 7-1 што римскиот клуб ги доживеа во минатото од гигантите Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Норвешката екипа ја понижи Рома, а стрелец на четири голови беше нивниот напаѓач Ерик Ботеим.

– Јас сум одговорен, бидејќи јас ја составив екипата. Го направив тоа со добра намера бидејќи сакав да им дадам шанса да настапат на оние, кои многу работат, а не играат многу. Бодо Глимт се покажа како добра екипа на теренот со вештачка трева и локалната клима. Свесен бев за ограничувањата на нашите играчи, но очекував подобар одговор, изјави Мурињо.

Би можело да ве интересира

Клаудио Раниери е новиот тренер на Рома

Фудбалерите на Рома го победија Динамо Киев во третото коло од Лигата на Европа

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот