Џерард цела кариера во Ливерпул

Од:

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и на премиерлигашот Ливерпул Стивен Џерард до крајот на кариерата останува во клубот во кој дебитираше пред 15 години.

Според новиот договор, 33-годишниот Џерард со „Црвените“ од „Енфилд“ ќе ја продолжи соработката која само еднаш беше доведена во прашање (2005 година), кога опција за Џерард беше и Челзи, но тој се реши да остане во Ливерпул.

Актуелниот договор на Џерард истекува на крајот од следната сезона, но на задоволство и на клубот и на играчот, нивната соработка ќе продолжи и во иднина.

Во досега 630 одиграните натпревари за тимот од „Енфилд“ Џерард постигнал 159 голови, многу од нив пресудни за освојување на шампионските трофеи од: Лигата на шампионите, Уефа Купот, ФА Купот, Лига Купот.

Единствен трофеј кој му недостасува на Џерард, а кој многу го посакува е шампионската титула од Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска