ФДА одобри засилувачки дози од вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон

Од:

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) одобри засилувачка доза на вакцини произведени од Модерна и Џонсон и Џонсон и нагласи дека како дополнителна доза може да се прими вакцина што се разликува од онаа што претходно е примена.

Одлуката го отвора патот за милиони луѓе во САД да добијат дополнителна заштита од варијантата Делта, што предизвикува инфекции кај некои луѓе кои се целосно вакцинирани.

Федералниот регулатор објави стратегија за комбинирање на вакцини денеска, во момент кога официјално ги одобри засилувачите за вакцините од компаниите Модерна и Џонсон и Џонсон. Пред околу еден месец ФДА одобри засилувачка доза од вакцината на Фајзер/БиоНТек.

Одлуката да се дозволат дополнителни дози на вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон следеше по студија објавена минатата недела од Националниот институт за здравство.

Би можело да ве интересира

Швајцарија ќе уништи 10,3 милиони вакцини против Ковид-19 на Модерна

Ана Ололовска

Модерна планира да ја снабди Кина со вакцини против Ковид-19

А1он

Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА

Ана Ололовска

Компанијата Модерна подготвува вакцина против мајмунски сипаници

Ана Ололовска

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он