Во камповите во Унгарија пет илјади илегални Косовци

Од:

Во првите шест месеци од годинава во Унгарија илегално влегле над пет илјади Косовци. Повеќе од 250 од нив се во унгарските затвори, додека другите во кампови со ограничено движење, јави дописникот на МИА.

Во месец јуни секоја ноќ биле враќани назад по повеќе од 100 Косовци, но и покрај предупредувањата продолжува илегалното влегување на Косовците во оваа земја. Властите набрзо ќе депортираат илјада Косовци кои илегално престојуваат во оваа држава.

Од први јули полицијата, откриените илегални Косовци диретно ги носи во затвор, врз основа на измените на законот, кој не дозволува нивно натамошно заминување во други држави на ЕУ.

Владините функционери изјавиле дека минимални се шансите некој од косовските граѓани да остане во оваа држава, јавија косовските медиуми.

Министерката за евоинтеграции на Косово, Влора Читаку деновиве им порача на граѓаните дека азилот повеќе не е опција и оти на граѓаните на Косово повеќе не им се дава азил во земјите на ЕУ, додавајќи дека азилот е непријател број еден за визната либерализација за Косово.

– Не наседнувајте на измамите на криминалните групи, доведувајќи го во опасност и вашиот живот, им порача Читаку на косовските граѓани.

Според косовскиот прв полицаец Бајрам Реџепи, она што им ја олеснува работата на косовските имигранти е фактот што тие низ Србија може да се движат само со лична карта и оти „патувањето и заминувањето до Унгарија е многу евтино“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски