Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години информираат од Министерството за здравство.
Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.
8 октомври
Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:
84 год. кардиолошко заболување
62 год. кардиолошко заболување
78 год. кардиолошко заболување
63 год. кардиолошко заболување и дијабет
73 год. кардиолошко заболување и дијабет
Министерството за здравство информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.