Државните обвинители во БиХ отвориле истраги против Милорад Додик, но засега не кажуваат за кои кривични дела

Од:

Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска соопштија дека отвориле истрага против српскиот член на државното претседателство, Милорад Додик, но не наведоа за што тој е осомничен.

Против лидерот на босанскохерцеговските Срби се поднесени неколку кривични пријави, а последната е денеска.

„Обвинителството на БиХ ја известува јавноста дека по приемот на првата (кривична) пријава формиран е предмет и за него е одреден обвинител, а и останатите пријави, исто така, се во обработка“, се наведува во соопштението на Обвинителството. Тоа значи дека обвинителите во моментов проверуваат дали има правна основа за кривично гонење.

Најмалку четворица државни обвинители минатата недела побараа отворање истраги против Додик за неуставни активности, односно загрозување на интегритетот на БиХ.

Барањата следеа по неговите најави дека најдоцна до крајот на месецот ќе иницира донесување закони со кои Република Српска ќе го спречи работењето на Вооружените сили на БиХ, државното правосудство и полициските агенции на територијата на овој ентитет со мнозинство Срби.

Против Додик, исто така, се поднесени неколку кривични пријави за постојаното негирање на геноцидот во Сребреница, кривично дело што кон крајот на јули го воведе поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил