НАТО ги нотирал коментарите на Лавров, но засега нема добиено официјален став за руската суспензија

Од:

НАТО денеска соопшти дека ги нотирал коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за прекин на комуникациите со Северноатлантската алијанса. Меѓутоа од Брисел додаваат дека се уште не добиле официјално писмо за затворање на руската дипломатска мисија во седиштето на НАТО.

-Ги нотиравме коментарите на Лавров дадени пред новинарите, но досега не добивме ништо официјално за прашањето што го покрена, изјави портпаролот на НАТО, пренесуваат британските медиуми.

Лавров, претходно денеска, кажа дека од следниот месец ќе ги сиспендира руските активности во НАТО, како одговор на Алијансата која пред десетина дена им протера осум руски фипломати од мисијата во Брисел.

Лавров додаде дека рускиот персонал во мисијата на НАТО во Москва ќе ги загуби акредитациите од 1 ноември и дека Алијансата, доколку е потребно, ќе може да комуницира со Русија преку својата амбасада во Брисел.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија