Коњановски им се заблагодари на битолчани и побара поддршка во вториот круг

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски им се заблагодари на битолчани на денешната прес конференција по локалните избори.

„Ви благодарам за довербата, ви благодарам за мудроста, огромна благодарност за заедништвото – Битола мора да се развива и да биде вистински дом на сите луѓе кои живеат во неа! Битола отсекогаш била прогресивна, предвесник на сите победи! Ви благодарам што останавте горди и силни, што не дозволивте да ве уплашат заканите, што не замолчивте под притисоците на државниот апарат. Вчера покажавте дека нашиот живот, нашиот глас не е за некој да прави трговија со него’, рече тој.

Коњановски ја побара поддршката од битолчани и во вториот круг од локалните избори.

„Јас и мојот тим стоиме цврсто на дадената гаранција за здрава животна средина во Битола, за модерно образование, за социјална заштита, повеќе градинки и домови за возрасните, за спортска Битола – гордост и на спортистите и на навивачите, за Битола да биде вистинска туристичка атракција!

Гарантираме многу работа, стручност и професионалност, секогаш ќе носиме одлуки заедно со вас, секогаш ќе го слушаме вашиот глас“, рече тој.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Левица: Во “скандинавска” Битола жртвите на семејно насилство се оставени на цедило

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината