Димитриевски во Куманово води за 22 гласа, ДИК го заврши пребројувањето

Од:

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена од Државната изборна комисија (ДИК).

Двајцата добиле по 32 отсто од гласовите. Димитриевски е во блага предност со 32,79 отсто од гласовите на оние кои вчера излегоа на гласање, односно за него гласале вкупно 15.164 кумановци. За Илиевски гласале 32,74 отсто од граѓаните, односно добил 15.142 гласа.
Предноста на Димитриевски, од првичните резултати вчера, постојано се намалуваше како што течеше обработката на податоците. Според последната објава на ДИК, пребројани се 100 отсто од гласовите, односно 93.986 гласови.

Во Куманово ќе има втор круг за избор на градоначалник во кој граѓаните ќе избираат меѓу Димитриевски и Илиевски.

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, освои 8.567 гласови или 18,56 отсто од вкупниот број гласови. Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Салиу освои 4.254 гласа или 9,21 отсто, а најмалку гласови во Куманово освои кандидатката на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска. За нејзе гласале 1.026 кумановци, односно добила 2,22 отсто од гласовите на граѓаните кои излегле на гласање.

За изборниот резултат и за плановите з вториот круг, градоначалникот Димитриевски најави прес – конференција во 13 часот на плоштадот во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

Димитриевски ги соопшти условите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија за формирање на идна влада

Горан Наумовски

Димитреивски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

Горан Наумовски

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти