Во Мали е пронајдено телото на францускиот геолог Филип Вердон, киднапиран во ноември 2011 година од магребскиот огранок на Ал Каеда.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави во говорот вчера по повод Денот на Бастиља, дека можеби Вердон починал пред неколку недели, но неговата смрт не е официјално потврдена.
Француските медиуми цитираат извор, кој е запознат со случајот, а според кој ДНК анализите покажале дека телото, пронајдено во северно Мари е на Вердон.
Телото, според истиот извор ќе биде вратено во Франција следните денови. Ал Каеда во исламски Магреб соопшти во март дека Вердон е обезглавен како одговор на француската воена интервенција во Мали.