Ливерпул е клуб кој мора да се бори да обезбеди учество во Лигата на шампионите. Секоја година е така, а кога нема да се обезбеди пласман во елитата, тоа влијае врз моралот на играчите. Тешко е да се натпреваруваш во Премиер лигата кога знаеш дека немаш шанси да ја освоиш, изјави Луис Суарез, уругвајскиот интернационалец и член на Ливерпул.
Поради тоа што не може да напредува и да освојува титули, како и поради тоа што не му е сигурно учеството во ЛШ, Суарез рече дека сака да го напушти клубот.
– Ако добијам добра понуда во смисла на можност за напредок во кариерата, сериозно ќе ја рзгледам. Има заинтересирани клубови, но за тоа се грижи мојот менаџер. Токму желбата за просперитет и поголеми успеси беше причина своевремено да го напуштам Ајакс и да дојдам на „Енфилд“, додаде Суарез.
Тој минатата сезона постигна 23 голови за Ливерпул, но беше и учесник во неколку инциденти, за кои вели дека ако ги немало можно било да биде прогласен и за најдобар играч во Премиер лигата.