Пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс, почина откако беше нападнат од нож во методистичка црква на истокот од Англија.
Британската полиција претходно објави дека е уапсен маж во источна Англија, кој е осомничен дека во црквата неколку пати го избодел со нож пратеникот на конзервативците.
„Мажот е уапсен по инцидентот во методистичката црква. Добивме повик дека дошло до напад со нож нешто по 13 часот“, наведуваат од полицијата во Есекс.