Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс изјави дека Вејн Руни не е и никогаш нема да биде над клубот.
Тој исто така ги предупреди новинарите дека нема да толерира шпекулации кога е во прашање иднината на англискиот напаѓач.
Руни во повеќе наврати изрази желба да замине од „Олд Трафорд“, а неодамна поради повреда мораше да ја напушти екипата која што се наоѓа на турнеја во Азија и Австралија.
-Јунајтед не е Вејн Руни. Манчестер е тим. Во моментов зборувам за него, но нема да дозволам тој да стане поважен од клубот-изјави Мојс.
Мојс истакна и дека и дека Руни им е потребен и сакаме да ги имаме сите опции во нападот доколку Ван Перси се повреди.
– Тој се вклопи во нашиот тим и времето ќе покаже како ќе функционира нашата соработка. Можеби во наредните години ќе мора да погледнеме и нешто друго-додаде тој.
Eлена Георгиевска