Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Македонија е предворјето за влез во ЕУ

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија.

Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Северна Македонија.

-Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Северна Македонија, додаде Румен Радев.

Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

Сиљановска Давкова по средбата со Радев: Ако се слушаме и почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат

Предраг Петровиќ

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска