Исчезнатиот 69-годишен маж, по кој од вчера трагаа пожарникари и специјални спасувачки тимови во село во јужниот дел на грчкиот остров Евија, денеска беше пронајден мртов.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека безживотното тело било пронајдено во речно корито, додека пак според АНА-МПА, 69-годишниот сточар синоќа со неговиот автомобил бил повлечен од надојдената вода.
Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во Грција ја зеде првата жртва, а предизвика и материјална штета.