Стоилковски: Дебело се профитира од асфалтот во Скопје со потпис на Шилегов

Од:

Дебело се профитира во Скопје за алфалт. Асфалт за чии што договори стои потписот на Петере Шилегов. Само со Петре Шилегов во услови на економска криза градежни фирми не се борат за милионски тендери на град Скопје, и работата се зема „од прва“ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Профитер е скандал за местење на тендери. Имам список на сите тендери на Град Скопје за улички, за асфалтирања, каде јасно се гледа дека со Шилегов едноставно згаснува трката на електронската аукција. Нема трка, нема наддавање, нема борба за земање на работата. Градежни фирми во ек на криза се незаинтересирани за работа за два или три милиони евра. Речиси 40 тендери, со милионски износи во последните две години, биле неинтересни за градежните фирми. Електронската аукција завршувала со едно наддавање или воопшто немало намалување на цената. Само за споредба, на вакви тендери имало традиција на наддавања дури и до 40- 50 пати. И одеднаш- штама. Нема заинтересирани за 2 или 3 милиони евра во услови на рецесија, во сулови на економска криза. Ова укажува само на едно на местење на тендери. Укажува на дебело профитирање од секој метар асфалт во Скопје. Дебело профитирање од асфалтот во Скопје во последните 3 години“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ