Пендаровски – Лофвен: Поддршка од Шведска за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија беше главна тема на разговор на денешната средба во Малме меѓу претседателот Стево Пендаровски и премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, домаќинот на Меѓународниот форум „REMEMBER – REACT“, („Запомни – Реагирај“).

Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, информираат од кабинетот на Пендаровски, претседателот изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат.

Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина. Истовремено, изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата, што се одржа во рамки на работната посета на Кралството Шведска, претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави при што оценија дека се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски