Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се втора доза, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина информираат од Министерството за здравство.
– Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, се вели во соопштението од МЗ.