Од Македонската алпинистичка федерација објавија фотографија од загинатиот алпинист Зоран Мајсторски и споделија дека со неверување ја примиле информацијата за несреќата во еден од силосите на рудникот „Бучим“.
„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата.
Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на Македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, напишаа на Фејсбук од МАФ.