Косовска полиција: Шест полицајци повредени и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово

Од:

Шест полицајци се повредени, а тројца се уапсени на крајот од денешната акција на косовската полиција против шверц во северно Косово, соопшти полицијата.

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

Курти, изјави дека на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека е спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд. Курти објави дека „се запленети стоки и докази, што претставуваат материјални докази“.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат потиснати. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.

Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани