(ВИДЕО) Ѓорчев: СДСМ соочени со пораз фатени како делат црни вреќи во Битола, да реагира и меѓународниот фактор

Од:

„Главните активисти на СДСМ, секретар на Општинската организација а и двајцата се кандидати за советници на Битола, синоќа одеа во населбата Баиро и од брендирана со налепници кола на кандидатот за градоначалник ан СДСМ во Битола Кондовски делеа црни вреќи. Сите знаеме што е работата“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓето кои што вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола.

Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на Општинската организација на СДСМ во Битола како и кандидат за советник.

Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи.

Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола.

Истовремено фирмата на Христо Кондовски Стентон Градба добива еден куп милионски тендери од РЕК Битола која што сега пропаѓа, а гледаме сега дека вртат нивни возила по Баирот во Битола и тоа едноставно што може да биде ако не е изборен поткуп“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус