(ВИДЕО) Андоновски: Шилегов урива спортски терени за да се градат згради

Од:

Петре Шилегов може да ветува засадување на стотици, како што тој ги нарекува, школувани дрва. Но, тој не може да избега од вистината дека неговите урбанистички планови – се планови за тотална бетонизација на секое квадратно место зелена и спортска површина рече на прес конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред некое време ја информиравме јавноста дека со Регулацискиот план З – 04, Шилегов планира да уништи дел од спортскиот центар „Борис Трајковски“ за таму да подигне згради. Во планот на Шилегов се уништуваат тениските терени, терасата од базенот Карпош, картинг-патеките и околното зеленило. Булеварот кој го планира Шилегов ќе поминува на само 10 метри од базенот во СЦБТ. Но, според нови информации, планот на Шилегов за бетонизација на овој дел на Скопје не го вклучува само уништувањето на спортскиот центар „Борис Трајковски“ – рече Андоновски.


Со печат од Градот и Општината, Шилегов сака да обезбеди милионски суми профит за неговите бизнис ментори.

Како што се гледа на сликата, која е исечок од регулацискиот план на Шилегов од 2019-тата, јасно е дека двете фудбалски игралишта на овој простор прераснуваат во дел за домување тврди Андоновски.

– Жолтата боја означува дека во овој дел Шилегов планира нови згради. Нови бетонски чудовишта. Со планот на Шилегов, згради ќе се градат на теренот на ФК „Локомотива“ со трибините, другото фудбалско игралиште, но и сите околни зелени површини.За да им удоволи на бизнис олигарсите кои стојат и зад неговата, и зад кандидатурите на сите кандидатите за градоначалници во цело Скопје, Шилегов е подготвен да го бетонизира секој слободен квадратен метар во Скопје, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски